Домашен превозник може да врши превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај врз основа на лиценца.
Превозот во патниот сообраќај се врши со моторни и приклучни возила што ги исполнуваат условите утврдени со прописите за безбедноста на сообраќајот на патиштата и посебните техничко – експлоатациони услови пропишани за одделните видови на превоз.
Проверка на исполнетоста на посебно – техничко експлоатационите услови на возилата со кои се вршат одделни видови на превоз во патниот сообраќај се врши во станиците за технички преглед на АМСМ, согласно со прописите за безбедност во сообраќајот.
За возилата што ги исполнуваат посебните техничко – експлоатациони услови правното лице овластено за вршење на технички преглед издава потврда.